ЧИЈА СОПСТВЕНОСТ СЕ: Во текот на ноќта запалени 11 возила во Куманово
Несекојдневен случај регистрираше синоќа полицијата во Куманово.
Непознато лице синоќа во период од еден час запалило речиси 11 возила на четири различни локации во Куманово.
Со интервенција на пожарникари пожарите се изгаснати, а речиси повеќе од возилата се целосно изгорени.
На прес конференција од СВР куманово денес соопштиле дека два од автомобилите биле на полициски службеници, додека другите им припаѓаат на граѓани на Куманово и еден сопстевник е од Кратово.
Според шпекулациите кои кружат во медиумите целта на лицето била да запали полициски автомобили.
СВР Куманово околу 01 часот по полноќ привело едно осомничено лице.
Во тек е расчистување и документирање на настанот, по што ке биде поднесена соодветна кривична пријава
