Чии акции вчера беа тргувани со промет над милион денари на Македонска берза?
Во текот на вчерашниот ден на Македонска берза беше забележан зголемен обем на тргување а најтргувана акција со промет над милион денари беше акцијата на Прилепска пивара .
Со оваа акција со истргувани 79 лотови по цена од 30.551,28 денари вчера беше остварен промет од 2,4 милиони денари.
Невoобичаен висок промет имаше и со акциите на Арчелормитал ЦРМ и Арчелормитал ХРМ, при што со акцијата на ЦРМ се истргуваа 60.330 лотови по цена од 13 денари (-18,75 отсто), додека со ХРМ се истргуваа 9.584 лотови оп цена од 8 денари (-27.27 проценти).
Од акцијата на Скопски пазар АД преку две блок трансакции се истргуваа 343 лотови по цена од 9.500 денари. Блок трансакција имаше и со акцијата на Оилко КДА Скопје, каде 523 лотови се истргуваа по цена од 4.000 денари.
Вкупниот промет изнесуваше солидни 12,2 милиони денари и беше реалзиран преку 71 трансакција, а се тргуваше со 28 хартии.
Индексите МБИ10 и ОМБ ја намалија својата вредност за 0,32 и 0,22 отсто, соодветно./крај.
