Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чибишев и Шилегов се караа за становите на Шилегов

Чибишев и Шилегов се караа за становите на Шилегов

Пред зграда во Скопје каде се наоѓаат становите на пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев одржа прес-конференција за неговиот имот, но на истото место се појави и Шилегов, по што се скараа.

„Своето богатство го зголемил за уште два стана кои што вредат околу 160.00 евра и се наоѓаат токму во зградата којашто е позади нас. Вредноста на овие два станови со коишто се стекнало семејството Шилегови е некаде околу 160.000 евра. Господине Шилегов јавноста чека одговор, дали и како сте се стекнале со толкав имот“ - изјави Чибишев пред новинарите.

Шилегов објасни дека становите се купени со кредит.

„Предметните станови се купени на кредит на 23 години. Направете разлика господине Чибишев помеѓу луѓе коишто чесно заработуваат и криминалците во вашите редови, на чело со Никола Груевски. Јас чесно заработувам, а вие крадете од државните пари. Тоа е голема разлика“ - кажа Шилегов.

Нема ништо незаконито и спорно во имотот, рече Шилегов.

Слично

Поврзани вести