ЧЕВЛАРИТЕ БАРААТ ПОМАЛИ ПРИДОНЕСИ: Имаат проблеми со исплата на минимална плата
Од чевларската индустрија бараат да се намалат придонесите за да може да се исплаќа минимална плата од 12.000 денари.
Тие бараат и одреден период да останат фиксни придонесите за плата до 18.000 денари.
Здружението на чевлари од Куманово во кое има околу 50 фирми денеска предупреди дека компаниите не се моќни да исплаќаат 12.000 денари минимална плата поради што е неопходно изнаоѓање друго, заедничко решение.
Ако не се постигне решение за овој проблем, не е исклучена можноста за штрајк.Тие предлагаат да се земе во предвид бугарскиот пример на работење.
Слично
