Четврток е денот Д за курсот на еврото
Причината за падот на еврото се случувањата во Европа и зајакнувањето на популистичките партии, кои ќе побараат земјата да ја напушти Европската Унија.
Оваа седмица почна бурно и од вчера до денеска еврото во однос на другите валути ослабна за 1%.
Сега еврото изнесува 1.0634 долари и тоа е најниско за 13 години.
Во текот на неделата ќе има уште неколку важни вести кои ќе влијаат на финансиските пазари.
Еден од поважните е состанокот на Европската централна банка во четврток на кој ќе се зборува за вбризгување на пари во финансискиот сектор.
Економската ситуација во еврозоната не е подобрена значително.
Сите овие фактори можат да го загрозат еврото.
За шест месеци еврото во однос на доларот и јенот ослабе за 5%. Тоа ќе го смали увозот и ќе го зголеми извозот.
