Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ БЕШЕ ПОДОБАР: Ова е БДП во првите три месеци

ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ БЕШЕ ПОДОБАР: Ова е БДП во првите три месеци

Стапката на раст на бруто-домашниот  производ (БДП) за првото тримесечје од 2017 година е 0.0%.. 

Ова е според проценетите податоци на Државниот завод за статистика. 

Во првото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Ѕ – Информации и комуникации  од 5.5%; Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична  енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со 
отпад и дејности за санација на околината од 2.1%; А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 1.1%.  

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на  домаќинствата, во првото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 3.1%, а нејзиното учество во  структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64.3%. 

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 12.1%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 13.6%.

За споредба, според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот  производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2016 година изнесуваше 2,4%.

Слично

Поврзани вести