Четвртина од Германците и натаму останаа да работат од дома
25 отсто од вработените во Германија работат од дома.
Оваа мерка беше воведена поради коронавирусот, но и сега четвртина од вработените останале да работат од дома. Обврската на газдите да им понудат работа од дома на вработените каде тоа е можно, заврши на 20 март.
„Очигледно, многу компании трајно се адаптираа на пофлексибилни работни модели“, изјави Жан-Виктор Алипур од Институтот Ифо во Минхен (Институт за економски истражувања).
Ифо нагласуваат дека 56 отсто од работните места во Германија дозволуваат работа од дома.
Истражувањето кое го направи Институтот во април, покажа дека 24,9 отсто од вработените работеле од дома, што е нешто помалку отколку во март. Во наведениот месец, оваа можност ја искористиле 27,6 отсто.
Поради пандемијата, и во други земји стана поприфатливо луѓето да работат од дома, со цел да не се заразат со коронавирусот, но сега рестрикциите се олабавуваат. Како што објави Светската здравствена организација(СЗО), досега околу 15 милиони луѓе починале од коронавирусот.
foto freepik.com
