Четвртина млади во Хрватска ниту работат ниту се школуваат
Хрватска е меѓу три европски земји во кои најголем дел од младите на возраст од 20 до 24 години ниту работат ниту се школуваат.
Ова го покажуваат податоците на Евростат. Овие луѓе Еуростат ги нарекува НЕЕТ популација или луѓе кои не се образуваат, обучуваат, не се вработени и такви во земјата има 24.4.%.
Полоши од Хрватска се само Грција и Италија.
Пред десет години уделот на млади кои не работат и не се школуваат порасна од 18.8% на 24%. Таа бројка сега изнесува 59.000 луѓе.
Европскиот просек е 17.3% на неактивни млади.
Најмалку млади неактивни луѓе има во Луксембург, Холандија, Данска, Германија и Шведска.
Слично
