Четврти земјотрес со епицентар во ресенско Јанковец
Попладнево во земјава е регистриран и четврти земјотрес.
Тој се случи во 19.37 часот, со епицентар во селото Јанковец кај Ресен, со јачина од 3,2 степени по Рихтеровата скала.
Претходно во 19.16 часот имаше земјотрес со епицентар на 9 километри југозападно од село Слепче, со интензитет од 4,1 степен.
Претходните два земјотреси го потресоа југозападниот дел на Македонија, и беа со епицентар во село Вранештица.
Вознемирени беа граѓаните на Охрид, Скопје, Битола, Крушево, Неготино и околината. Според информациите на Европската сеизмичка лабараторија, епицентарот на земјотресите е лоциран на територијата на Република Македонија, 85 километри југозападно од Скопје со епицентри на 10 односно пет километри под земјината површина и интензитет од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала.
