Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четврти ден протести, се бара оставка од Иванов

Четврти ден протести, се бара оставка од Иванов

Започнаа протестите во центарот на Скопје и  во знак на поддршка се протестира пред седиштето на СЈО.

Повикот за протест се рашири на социјалните мрежи, од групата Протестирам, а се приклучија и членовите од Студентскиот пленум. Граѓаните бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на распишувањето на парламентарни избори.

Во 19 часот членови на ГДОМ пак ќе протестираат пред штабот на СДСМ, затоа што не се сложуваат да бидат помилувани лидерот на СДСМ, Зоран Заев и екс разузнавачот Зоран Верушевски.

Централното градско подрачје на Скопје денеска беше затворено. Денеска се очекува помасовен протест.

Слично

Поврзани вести