Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четвртата вакцина неделава пристигнува во Србија: За почеток 150.000 дози од АстраЗенека

Четвртата вакцина неделава пристигнува во Србија: За почеток 150.000 дози од АстраЗенека

Во однос на лидерството на Србија во масовната вакцинација на граѓаните против Ковид-19, и донацијата на вакцини за Македонија, претседателот Вучиќ во вечерашното гостување во емисијата „Хит твит“ рече дека четвртата вакцина доаѓа во Србија.

Како што рече, во петок или сабота се очекуваат 150.000 дози од вакцината на АстраЗенека.

-Досега успеавме да добиеме два милиони дози, што е доволно за да вакцинираме милион луѓе. Утре ќе пристигнат 40.000 вакцини од Фајзер, во петок, сабота ќе добиеме 150.000 вакцини AstraZeneca, руски и потоа кинески. Не добивме никакви вакцини од Ковакс механизмот, но голема благодарност до нашите пријатели од Кина, Русија, Велика Британија и Емиратите. Не можете да извезувате вакцини по своја волја, бидејќи производителите одлучуваат каде ќе одат нивните вакцини. Од Фајзер беа коректни и ние сме среќни што можевме да и помогнеме на Македонија, истакна српскиот претседател.

Тој посочи дека Србија се бори за здравјето на своите граѓани, но важна е дисциплината на луѓето.

-Никој не може да го сокрие успехот на Србија, но кога многу и помогнавме на една земја од ЕУ, тоа беше скриено, бидејќи во лицемерен свет се знае кој може да помогне. Србија е над тоа и покажуваме дека сме успешни, дека сме дел од решението и немаме проблем, дека сме некој на кој не му треба добротворна организација. Луѓето не треба да се грижат, ќе имаме вакцини. Но, луѓето треба да знаат дека треба да бидеме подисциплинирани, рече Вучиќ.

Во однос на производството на руската вакцина Спутник-V во Србија, тој истакна:

-Имаме договор, руските експерти се задоволни од Торлак, но ќе мора да вложиме многу повеќе и да ги поправиме нашите капацитети. Вирусот ќе трае, многу луѓе ќе ги загубат своите животи и ние мора да се подготвиме за производство на вакцината. Нашата проценка е дека можеме да произведеме 20 милиони дози, а она што би го произвеле повеќе, можеме да го искористиме и да им помогнеме на другите, заклучи тој.


Слично

Поврзани вести