Четвртата „бомба“ на Заев открива прислушкување на новинари
Четвртата „бомба“ која денеска ја објави лидерот на опозицијата открива дека власта во чекор ги следела новинарите и вршела контрола врз медиумите, односно биле прислушувани над 100 новинари, како и сопственици на медиумите, меѓу кои бил следен и прислушуван починатиот Никола Младенов.
Според Заев овие разговори директно ја покажуваат спрегата, како што рече, премиер-УБК-медиуми.
Снимките покажуваат како власта директно владее и менаџира со медиумите, истакна Заев.
На новинарско прашање дали со судски налог се следени новинарите Заев истакна дека се следени со години, повеќе од две , три па и четири години без налог .
Слично
