Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четворица загинати во невремето во село Шипковица

Четворица загинати во невремето во село Шипковица
Невремето во тетовско зеде човечки жртви, а до сега е потврдена само смртта на малолетно девојче од Голема Речица. Неофицијално, уште четири лица ги загубиле животите во свлечиште на земјата во близина на селото Шипковица. Полицијата се уште ја нема потврдено информацијата бидејќи нема пристап до местото. Водената стихија најмногу штета направи во Тетово каде се уништени повеќе домови, мостови, отсече повеќе села и неколку населени места останаа без струја. Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово апелира до граѓаните да го намалат движењето, особено со моторни возила, за да се овозможи несметано движење на механизацијата која работи на терен.
Слично

Поврзани вести