Четворица Срби и еден Германец фатени со 1,15 тони кокаин
Заедничката истрага на Франција и на Велика Британија и овозможила на португалската полиција да заплени 1,15 тони кокаин на Азорските острови, објавија светските агенции.
„Уловот“ е резултат од заедничките активности меѓу Националната дирекција за царинско разузнавање и истрага на Франција (DNRED) и на Национална антикриминална агенција (NCA) на Велика Британија, се вели во соопштението од француското Министерство за финансии и на државниот секретаријат за буџет.
Дрогата се проценува на повеќе од 70 милиони евра на илегалниот пазар на мало. Таа била складирана во четири добро прикриени скривалишта на една јахта.
Тоа е најголема количина кокаин која е фатена на Азорските острови, прецизира португалската полиција. Во операцијата се уапсени четворица Срби и еден Германец на возраст од 29 до 54 години.
На 23 април во резултат пак на француско-британската соработка беа запленети три тони кокаин на влекач во Северното Море, во близина на брегот на Шкотска.
