Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четворица повредени при судир на два џипа на патот Охрид – Кичево

Четворица повредени при судир на два џипа на патот Охрид – Кичево

Четворица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што утрово околу 8 часот се случила на патот Охрид - Кичево, на потегот меѓу селата Мешеишта и Требеништа.

Повредените се префрлени во охридската болница „Свети Еразмо“.  Едно лице е во животна опасност. По директниот судир на двата џипа, се превртел и еден камион обидувајќи се да ги избегне возилата.

Увидот е во тек, а сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево е во прекин, додека возилата се пренасочуваат по заобиколени патишта.

Повеќе информации од СВР Охрид најавуваат во текот на денот.

Слично

Поврзани вести