Четворица од 12-те новинари технолошки вишок остануваат во Телма
Од 12-те новинари кои беа прогласени на технолошки вишок во телевизија Телма, раководството на медиумот и Синдикатот постигнале договор четворица да останат.
Тие ќе бидат на пониски работни позиции и со намалени плати. Остануваат Соња Николовска, Виолета Зајкова, Јулијана Пешевска и Сотир Трајков.
„За жал, менаџментот на куќата не ги прифати аргументите и предлозите на синдикатот за двајца членови на ССНМ, Влатко Змејковски и Бранка Костиќ и не се постигна договор за нивно останување на работа, за кои и покрај нашите заложби, и одвоените средби кои ги имаа со раководството, не се најде заеднички јазик за понатамошен ангажман. На овие двајца колеги синдикатот ќе продолжи да им пружа правна и друг вид помош во иднина доколку биде потребна“ - објаснуваат од Синдикатот.
ССНМ информира и дека во овој процес немаше мандат и не ги застапуваше другите петмина вработени кои се најдоа на списокот за технолошки вишок, бидејќи не се членови на синдикатот.
