Четворица терористи приведени во Турција за планирање напади
Четворица се приведени во Турција за сомневање за подготовка на напади.
Турските власти уапсија четворица осомничени членови на терористичката организација „Исламска држава". Тие се осомничени за подготовка на терористички напади врз дипломатски мисии на Германија и Велика Британија, соопшти ТВ каналот „Haberturk".
Според информација на негов извор, тројца од терористите се уапсени во Анкара, а еден - во Истанбул. Се води истрага за утврдување на врските со ИД. Можните терористички напади врз дипломатските мисии на двете земји требало да бидат извршени во период од 13-17 октомври.
Британската амбасада во Анкара вчера соопшти дека ќе биде затворена денеска од безбедносни причини. Германски медиуми во средата, исто така соопштија дека амбасадите, конзуларните служби и германските училишта во Турција ќе бидат затворени до крајот на неделава поради сигнали за планирани напади врз нив.
