Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четворица кандидати во трката за лидер на СДСМ

Четворица кандидати во трката за лидер на СДСМ
Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумов се четворицата кандидати кои ќе се борат за местото лидер на најголемата опозициска партија. Конгресот на СДСМ е закажан на 2 јуни, кога ќе се гласа за наследникот на Бранко Црвенковски кој се повлекува од претседателската функција. Откако не беше постигнат договор за намалување на бројот на кандидатите на двајца или најмногу тројца, вечерва Извршниот одбор на партијата одлучи да останат во игра сите четворица. Кампањата по општинските организации  почнува веќе од утре.  
Слично

Поврзани вести