Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четирите свети букви и најголемиот предизвик на Никола Груевски!

Четирите свети букви и најголемиот предизвик на Никола Груевски!
ВМРО ДПМНЕ прослави 25 години од своето постоење. За многумина оваа партија има една од најголемите заслуги за осамостојувањето на Македонија. Нејзиниот прв лидер Љубчо Георгиевски, беше првиот кој во 1990 та година, кога почна плурализмот, јавно и отворено проговори за самостојноста, за македонска фудбалска репрезентација, за македонска војска, за македонска валута. 25 години подоцна сето тоа е реалност, но вреди да се напомене дека партијата преживеа многу успони и падови. Прв пат ВМРО ДПМНЕ дојде на власт во 1998 та година со тогашната коалиција на Георгиевски и Тупурковски. Сепак партијата ги загуби изборите во 2002 та, а по тоа за нов лидер беше назначен Никола Груевски, со директна асистенција на Георгиевски. 6E7282C5BE5B7D4E8E59DCC8F6C087A6 Партијата се врати на власт во 2006 та година, и оттогаш наваму постојано е клучен дел на владејачката коалиција.  Од 2006 та до 2008 ма владееше со помош на Тито Петковски и Мендух Тачи, а од 2008 та наваму е во коалиција со Али Ахмети. gruevski-ahmeti Во времето на 9 годишниот мандат партијата доживеа доста промени и се соочи со многу контроверзи во перцепцијата за нејзиното владеење, беше и технократска, преку националистичка па дури и до автократска власт. Во последната година партијата доживеа најсилен удар од опозицијата со објавувањето на бомбите на Заев, кои индицираат корупција во врвовите на партијата. Досега тие бомби доведоа до три оставки во врвот на Владата од министрите Јанакиески и Јанкуловска, и од шефот на УБК Мијалков. Груевски во својот говор пред новото седиште на партијата истакна дека ВМРО ДПМНЕ ќе се врати посилна од кога и да е. „Во последните 5-6 месеци партијата го пребродува и најголемиот удар зададен досега, на крајно кукавички и манипулативен начин. Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, со натпревар на идеи, со работа и резултати, со реформи и создаени дела, со понуда која граѓаните ќе ја отценат за најдобра, со доверба која извира од народот, на демократкси и транспарентен начин, противникот, соработувајки со мрачни сили, како што и самиот се произнесе, се обиде на најбрутален, најкукавички и најнедемократкси обид да ја сруши партијата, нанесувајки огромна штета државата и нејзините граѓани“, истакна вечерва претседателот на Владата, Никола Груевски. 25godDpmne1 „Во овие 5 до 6 месеци издржавме нешто кое никој во Европа и светот не го издржал, го издржавме најсилниот удар против нас, но за конечна разврска и прекин на правењето штета на економијата. За предвремени избори сме подготвени уште сега, но нашиот противник не сака. Во април 2016 година, народот преку најсилната поддршка за ВМРО, ќе им објасни на овие неработници, дека не подлегнува на интриги и манипулации. Оваа лекција, нашиот политички опоненет ќе ја научи во април 2016 година, а нивните сценаристи ќе мора да прифатат дека овде има луѓе кои размислуваат со своја глава и ум и ќе мора да сметаат на нив“ порача Груевски. Партијата имаше удари и порано. Слична афера, како „бомбите’ иако во помал обем, во 2001 та година исфрли и екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Тогаш аферата беше покриена со избивањето на конфликтот во 2001 та. ВМРО ДПМНЕ досега имаше двајца премиери Георгиевски и Груевски и еден претседател, Борис Трајковски.  boris-trajkovski4 Трајковски трагично загина во авионска несреќа. Георгиевски е актуелен лидер на ВМРО Народна партија, во последно време со ставовите е многу блиску до ВМРО ДПМНЕ. Груевски пак, суверено владее во партијата, откако неодамна  беше реизбран за нејзин претседател. На почетокот од годинава мала група членови на ВМРО ДПМНЕ искажа отворено незадоволство од неговата работа, но тоа не наиде на одобрување кај поширокото членство. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести