Четирите членови на ад хок телото не постигнаа договор за петтиот колега
И на денешната средба не е избран последниот петти член на ад хок телото за следење на медиумите.
Не е постигнат консензус за избор на последниот член откако вчера Даут Даути се повлече, а немаше консензус за избор на другиот кандидат Сефер Тахири. Предлози за нови кандидати денеска немало.
Бидејќи изборот не е направен, се очекува на закажаната лидерска средба да се дискутира и за ова прашање.
Рокот за избор на последниот член на телото Албанец заврши минатата недела.
Ова тело ќе ги мониторира медиумите 100 дена без избори, но прво треба да се комплетира.
Слично
