Четиринаесет партии во изборна трка за Собранието
Вкупно 14 партии поднеле кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 27 април, објави Државната изборна комосија (ДИК).
До истекот на крајниот рок на полноќ, во ДИК листи со кандидати за пратеници доставиле ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВМРО-НП, ДПА, НДП, ГРОМ, Коалицијата „Достоинство за Македонија“, Алијанса за позитивна Македонија, Партијата за европска иднина, Народното движење за Македонија, ПДП, Партијата за економски промени 21 и СДПМ.
Во рок од 48 часа ДИК треба да утврди дали поднесените листи се комплетни и во согласност со Изборниот законик, а кандидатите потоа ќе ги чешла и Комисијата за верификација на факти, која треба да утврди дали некој од предложените пратеници соработувал со тајните служби.
Слично
