И Македонија се бори со сипаниците, четиримесечно бебе починало од морбили во Албанија
Четиримесечно бебе починало во универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Тирана. Станува збор за бебе заразено од морбили, мали сипинаци, пренесе телевизијата Алсат - М.
Смртта следела по настанати компликации, а бебето десет дена било хоспитализирано во болницата.
Според некои болнички извори, како што се пренесува, бебето имало проблеми со белите дробови по што здравствената состојба нагло се влошила.
Во моментов и Македонија се бори со оваа болест претежно кај невакцинирани деца. Морбилите уште се шират.
Слично
