Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТИРИ СЛОБОДНИ ДЕНА НЕ СЕ СЕДИ ДОМА - Охрид полн со посетители, ќе има и засилени контроли за заштита од ковид

ЧЕТИРИ СЛОБОДНИ ДЕНА НЕ СЕ СЕДИ ДОМА - Охрид полн со посетители, ќе има и засилени контроли за заштита од ковид

Граѓаните не останаа дома за споените слободни четири дена за велигденските и првомајските празници. 

Некои заминаа во Србија, а дел ги исполнија туристичките места. 

Охрид беше исполнет со гости, јавува Тв Сител. 

Најмногу имаше гости од земјава, но овој град традиционално го посетија соседите од Србија, а имаше и гости од Црна Гора. 

Низ градот веќе од денеска има раздвиженост. Некои се шетаа по ривиерата, а некои ги посетија угостителските објекти. 

Од СВР Охрид  најавиле засилени контроли. Околу 100-тина полициски службеници ќе патролираат на најфреквентните локации во градот, летните тераси на угостителските објекти и верските храмови.

Слично

Поврзани вести