Четири причини зошто ситуацијата со доларот овој пат е различна
Голем број банки прогнозираат поскапа валута во 2017 година.
Непосредно пред одлуката на Федералните резерви на САД за монетарната политика на дневен ред повторно е поскапувањето на доларот. Голем број банки прогнозираат поскапа валута во 2017 година. Минатата година во ова време имаше проекции за поскап долар во 2016 година, но состојбата се влоши во првиот квартал.
1. Индустрија се враќа
Голем број економии имаат раст. На крајот на 2015 година индустријата во САД беше во рецесија, но во ноември оваа година индексот на Институтот за управување со понудата (ISM), кој ја мери бизнис активноста во секторот, достигна 53 поени - највисока вредност оваа година.
2. Невработеноста е поблиску до целта
Уделот на невработеноста во САД се движеше и во двете насоки во текот на годината, но во ноември забележа остар пад до 4,6%.
3. Се очекува повисока инфлација Очекувањата за инфлацијата на пазарите се зголемуваат поради повисоките цени на суровините и поради прогнозите за повеќе фискални стимулации при управувањето на претседателот Доналд Трамп. 4. ФЕД ќе дејствува бавно Постојат докази дека глобалниот раст се стабилизира и дека економијата на САД се подобрува, што стои во основата на мандатот на ФЕД и е клучно за продолжението на флексибилните финансиски услови.
