Четири причини за потопот на Дау Џонс
Дау Џонс, најпознатиот индекс на њујоршката берза на акции, ја бележи најлошата недела од големата финансиска криза од 2008.
Паднал 6,5 отсто од почетокот на неделата, не сметајќи го денешниот ден, што е најстрмоглав пад од октомври 2008. Откако изгуби 1,175 поени во понеделникот, што е историски рекорд Дау падна уште 1 033 поени вчера.
Ова се четирите главни причини зошто падна тој индекс оваа недела, според индекс.хр.
1. Загриженост поради инфлација
Акциите досега така силно се искачуваа поради одличната состојба на американската економија. Невработеноста е искориски ниска, на само 4,1 отсто и има повеќе нови работни места отколку луѓе кои ги можеле да ги пополнат. Компаниите почнале да ги зголемуваат платите како би привлекле работници, а со време ќе почнат и да ги зголемуваат цените на производите и услуги како би компензирале повеќе трошоци за плати. Сепак, инфлацијата останала тврдоглава и помалку таинствено ниска.
2. Загриженост поради зголемување на каматните стапки
Друга причина е загриженоста поради каматните стапки. Кога ФЕД ги зголемува, компаниите мора да плаќаат повеќе за своите кредити што им ги намалува профитите. Граѓаните исто така мора да плаќаат повисоки камати на кредитите и хипотеки. Акциите од таа причина редовно паѓаат кога растат каматите.
3. Загриженост поради пазарот на обврзници
Трета причина на загриженост е поради пазарот на обврзници. Акциите така импресивно растеле бидјеќи биле практично единствена солидна инвестиција бидејќи приносите на обврзници се прениски. Но, ако се зголеми приносот на обврзници, заедно со општиот раст на камати, тоа значи дека традиционално сигурните обврзници повторно ќе станат привлечна инвестиција од нестабилните акции. А приносите на обврзници токму вчера достигнаа највисоко ниво во последните четири години.
4.Пребрз раст на берзата
Последна причина за загриженост е едноставно пребрзиот раст на берзата, што често не е здраво за пазарот на капитал. Аналитичарите веруваат дека корекцијата на цените на акции од 5 или дури 10 отсто веќе требало да се случи и дека е само прашање на време.
