Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири области во Бугарија воведуваат нови мерки за КОВИД

Четири области во Бугарија воведуваат нови мерки за КОВИД

Од денеска се воведуваат привремени антиепидемиски мерки против ширење на Ковид-19 во регионите на Варна, Плевен, Шумен и Трговиште, јави БГНЕС.

Во Варна, маските повторно стануваат задолжителни во продавниците и во јавниот превоз, како и во медицинските установи, аптеките, оптиката, специјализираните установи за социјални услуги, управите и станиците.

Во установите за згрижување деца треба да се зајакне филтерот за деца со симптоми. Посетите во болница ќе бидат дозволени само за пациенти примени повеќе од 5 дена, по проценка на лекарот.

Потребно е растојание од 1,5 во комерцијални објекти, обезбедување на средство за дезинфекција на рацете. Се зајакнува утринскиот филтер за детски установи за да се исклучат децата со клинички симптоми на коронавирус. 

Мерките се утврдени до 31 август.


Слично

Поврзани вести