Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири милиони евра не и стигаат на ДИК за избори – бара уште два!

Четири милиони евра не и стигаат на ДИК за избори – бара уште два!
Државната изборна комисија бара дополнителни 124 милиони денари од Буџетот или околу 2 милиони евра за организација на претстојните претседателски избори. По усвојување на предлог Финансискиот план за распределба на средствата за избор на претседател на државата, како и по прифаќањето на Годишниот план за вкупните јавни набавки на ДИК, членовите на највисокото изборно тело дошле до заклучок дека ако не се обезбедат овие буџетски средства ДИК нема да може да врши јавни набавки. Трошоците на Државната изборна комисија уште повеќе ќе се зголемат доколку заедно со вториот круг од претседателските се организираат и предвремени парламентарни избори. Последниот датум за ваква одлука е 4 март. Претходно, во Буџетот за 2014 година за изборни активности беа предвидени околу 4 милиони евра. Трошоците за избори постојано се зголемуваат, а доколку и овојпат се надмине предвидениот лимит во буџетски рамки, експертите не ја исклучуваат можноста од ребаланс: Претседателските избори ќе „стопат“ 4 милиони евра, парламентарните – можат да донесат ребаланс
Слично

Поврзани вести