Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири месеци без насмевката на малата Тамара, Нов протест денес во 18 ч!

Четири месеци без насмевката на малата Тамара, Нов протест денес во 18 ч!

Четири месеци болка и тага во душата на родителите, блиските, пријателите, Велешани и безброј граѓани.

Денес се навршуваат точно четири месеци од смртта на малата Тамара која прерано замина во светот на ангелите.

Тамара Димовска од Велес, девојчето кое имаше тежок деформитет на  ‘рбетниот столб не успеа да го дочека утрото и во 6 часот на 9 февруари почина.

Го зави во црно семејството кое живееше за неа, кое лутајќи се заглави некаде помеѓу лавиринтите на македонското здравство и чекајќи надлежните да одобрат операција во странство на државна сметка го изгубија своето чедо.

Кој ли триумф славиме кога деца ни умираат? - Се прашуваат родителите на многу дечиња со вакви и слични проблеми.

Нешто во здравството очигледно не „штима“ како што треба.

Организацијата „Оставка на Никола Тодоров“ досега многупати протестираше барајќи оставка од министерот Никола Тодоров но без успех.

Тие и за денес најавуваат протест во 18 часот пред Влада на кој пак ќе побараат одговорност од министерот за здравство.

Се правеа разни анализи и споредби, колку Тамари можеа да бидат спасени со парите кои надлежните ги даваат за споменици, за панорамски тркала наместо да бидат насочени кон лекување на мали деца.

Панорамското тркало што ќе биде поставено на мост на реката Вардар, ќе чини 956 милиони денари, односно речиси 15,55 милиони евра. Оваа сума од 15,5 милиони евра е половина од парите за кои се задолжи Владата пред два дена во вредност од 33 милиони евра и со неа можеа да се спасат 516 Тамари и да се платат оштети за 95,6 поплави како поплавите што ја зафатија Македонија годинава.

За лекување на малата Тамара Димовска од Велес, која боледуваше од искривување на ’рбетот, беа потребни 30.000 евра за седмиот оперативен зафат во странство.

Негативни коментари и бум во јавноста предизвка и мерцедесот од 600 илјади евра кој се споменува во „бомбите“ на опозицијата која тврди дека е купен по барање на Премиерот.

Тогаш објавивме поглед на оваа состојба кој навистина натера многумина да го стават прстот на чело и да се запрашаат во какво општество всушност живееме.

Потсетете се на текстот на линкот подолу.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/13/600-000-evra-za-mertsedes-kolku-tamari-mozhea-da-bidat-spaseni-so-tie-pari/" target="blank" ]600.000 евра за мерцедес…колку Тамари можеа да бидат спасени со тие пари? ‪[/button]

Слично

Поврзани вести