Четири лица повредени при експлозија во Сопиште
Денеска после 17.00 часот дошло до експлозија во просторија на фабрика за производство на градобијни ракети и пиротехника сместена во населбата Сопиште во Скопје.
Станува збор за 27- годишниот Д.К. , Ж. А. (59) и З.С. (51). Полесно повреден е 39- годишниот Г.Ј.
Според досегашните информации тројца од повредените се наоѓаат во тешка животна состојба, додека едно лице е полесно повредено.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Слично
