Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири компании заинтересирани да го купат Еурокомпозит

Четири компании заинтересирани да го купат Еурокомпозит
Две американски, една хрватска и една турска компанија подигнале документација за учество на тендерот, за продажба на прилепскиот загубар “Еурокомпозит”. Рокот за доставување на понудите истече на 20-ти месецов, но, Министерството за економија, заради големиот интерес на компаниите, истиот го пролонгира, како што веќе објави Фактор. “На барање на една од компаниите, рокот за подигнување на документацијата се одложи со цел завршување на постапките за формирање на друштво за оваа намена. Сите четири компании се известени за одложувањето на рокот за доставување на понуди“,  изјавија од Министерството за економија за Фактор. За конечно решавање на судбината на “Еуркомпозит”, според неодамнешните најави на премиерот Никола Груевски, како опција останува и варијантата за изнаоѓање стратешки партнер, слично како и во Тутунскиот комбинат каде влезе американскиот “Филип Морис”.
Слично

Поврзани вести