Четири километри колона заради блокадата на македонско-бугарската патна врска кај Ќустендил
Жители на Ќустендил, незадоволни од изборниот систем во Бугарија, претпладнево ја започнаа блокада на автопатот што води од Бугарија кон Македонија, односно на делницата кон граничниот премин Деве баир.
Колку ќе трае блокадата е неизвесно, а демонстрантите изјавиле декаќе останат на патот „додека не им се смират страстите“. Блокдата предизвикала колони на автопатот долги четири километри.
Истовремено, околу 500 жители на општината Дупница го блокираа патот кој води и кон соседна Грција, од истите причини, но таа блокада траеше само 15-тина минути.
Незадоволните граѓани протестираат затоа што во нивната област пратенички мандат освоил Александар Методиев, познат како Бат Сали, од партијата на Турците во Бугарија – Движење за права и слободи, иако тој освоил само 864 гласа и тоа главно добиени од гласачите во дијаспората.
Ќустендилската област има вкупно 62.000 гласа, а ДПС со малку повеќе од 1 процент од гласовите на избирачите ќе има пратеник од оваа област, што за граѓаните значи непочитување на еднаквоста на гласот.
Жителите на Ќустендил најавуваат протести и пред Народното собрание во Софија, на денот кога новите бугарски пратеници ќе полагаат заклетва.
Слично
