Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири дена работа, три дена живот: Дали Македонија е подготвена за револуцијата на модерното работно време?

Четири дена работа, три дена живот: Дали Македонија е подготвена за револуцијата на модерното работно време?

Светот веќе сериозно размислува за нов начин на работа – пократка недела, повеќе одмор и помалку стрес. Последната студија објавена во Nature Human Behaviour открива дека четиридневната работна недела носи низа придобивки: помалку прегорување, подобро физичко и ментално здравје и поголемо задоволство од животот.

Во пилот-програмата што опфати 141 компанија во шест земји (Австралија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Велика Британија и САД) вработените работеле само четири дена неделно, без намалување на платата. Резултатите биле изненадувачки – стресот се намалил, спиењето се подобрило, а продуктивноста останала иста.

Дури и една година подоцна, фирмите не се вратиле на старото. Напротив – повеќето ја задржале скратената недела, а вработените пријавиле подобро расположение и повисока мотивација.


Колку треба да работи Македонецот?

Во Македонија, просечната работна недела сè уште изнесува помеѓу 40 и 48 часа, што е повеќе од европскиот просек (36 часа). Дополнителните прекувремени часови, неделните смени и ниските плати создаваат хроничен замор кај многумина.

Читајте на Женски магазин.

Слично

Поврзани вести