Четири банки во Топ-10 друштва што котираат на македонската берза со најголеми добивки за 2025
Четири банки, од кои три на првите три места, се најдoа меѓу десетте акционерски друштва што котираат на македонската берза со најголеми остварени добивки во 2025 година. Поголемиот дел од нив се поклопуваат со блучиповите од МБИ10 берзанскиот индекс.
Покрај четири банки, има уште две компании од трговијата со нафтени деривати (Макпетрол и ОКТА), две се од индустријата (Титан Усје и Мермерен Комбинат Прилеп), една од фармацијата (Алкалоид) и една од секторот услуги (Телеком).
Најголема добивка за минатата година имаат остварено Комерцијална банка (85,515 милиони евра), НЛБ Банка (79,368 милиони) и Стопанска банка (54.145 милиони евра). Во Топ-10 е и УНИ Банка со 8,012 милиони евра добивка.
НЛБ Банка има најголем пораст на добивката од сите десет предводници воопшто со скок од 48 проценти. Единствен пад во добивката кај банките, споредено со таа од 2024, има Стопанска банка со минус 6,1 проценти.
Најголем пораст воопшто процентуално има ОКТА со скок од 163 отсто. Пад во остварената добивка, покрај Стопанска банка, имаат и Титан Усје и Мермерен Комбинат Прилеп како единствени претставници на индустријата.
Вкупната заработка на најголемите десет акционерски друштва по добивка изнесува 365, 3 милиоони евра и таа е поголема за 35,6 милиони евра од една година претходно. Вкупниот раст е особено висок - 10,9 отсто, А.К.

