Честито втора преодна влада за една година
Пратениците речиси едногласно ги изгласаа сите предлози за министри и заменици во новата преодна влада која по втор пат се конституира во само една година, а има иста цел - организирање на фер, слободни и демократски избори.
Во новиот состав речиси и да нема никакви изненадувања, освен што Оливер Андонов неколку часа беше министер во МВР, а сега ротира на заменичката позиција каде ќе му биде позадина на имењакот Спасовски од СДСМ.
Опозициската партија го држи челното место во труд и социјална политика со Фросина Ременски, додека пак повторно заменици во финасии, земјоделие и јавна администрација се Наумов, Николовски и Кирацовски.
Техничкиот премиер Емил Димитриев на собраниската седница на неговите колеги им порача дека во наредните 100 дена државата не треба да застане во место и дека сите без оглед од која партија доаѓаат мора да работат за интересите на Македонија, да ги спроведат реформите и да ја преземат одговорноста.

Слично