Економија, финансии, бизнис

Контакт

Честитки од политичарите за Бадник и Божиќ-Посакаа добра мисла, мир и сплотеност!

Честитки од политичарите за Бадник и Божиќ-Посакаа добра мисла, мир и сплотеност!

Бадник е празникот кој го најавува раѓањето на  Синот божји Исус Христос и еден од трите најголеми празници.

За овој ден политичаритe упатија честитки до сите граѓани посакувајќи спокој во срцата, насмевки, прегратки, мир и единство.

Претседателот Ѓорѓе Иванов во честитката упатена до до архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани упати искрени честитки по повод големиот христијански празник Божиќ порачувајќи овие празници да донесат добра мисла, мир и единство.

„Радоста на овој празник нека биде поттик да бидеме солидарни и хумани. Во духот на нашата традиција, посакувам како што сме сплотени за време на празниците, така да бидеме заедно и во текот на целата година. Меѓу себе да бидеме човечни, да си помагаме и да се почитуваме“, порача Иванов.

Опозицискиот лидер Зоран Заев пак порача празничните денови да донесат спокој во срцата, насмевки, прегратки, светлина, топлина, радост во домовите и семејствата, почит, љубов, разбирање меѓу луѓето.

Порача овие празници да ја распламтат одлучноста и вербата двигател во годината на сериозни предизвици во којашто повторно пред искушение е нашата совест.

Заев посака да си ги вратиме вистинските вредности во нашиот живот и во општетсвото и да си обезбедиме духовен мир и благосостојба.

Слично

Поврзани вести