Економија, финансии, бизнис

Контакт

Честитка за независноста на Македонија стигна и од Обединетото Кралство

Честитка за независноста на Македонија стигна и од Обединетото Кралство

Обединетото Кралство и Република Македонија ги воспоставија дипломатските односи на 16 Декември 1993 година.

Во следните 23 години потоа, заедно изградивме партнерство засновано на соработка и отворено и чесно пријателство, гласи пораката од амбасадата на Обединетото Кралство.

Во честитката на Кралицата Елизабета Втора упатена до претседателот Ѓорге Иванов стои:

„Големо задоволство ми е да ви испратам најтопли честитки за прославата на вашата независност, заедно со моите најдобри желби за среќа и напредок на народот на Македонија во следнава година“.

 
Слично

Поврзани вести