Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чесите се ослободуваат од домашните миленици

Чесите се ослободуваат од домашните миленици
Познато е дека Чешка е една од водечките земји по бројот на кучиња и мачки кои се чуваат како домашни миленичиња. Во чешките семејства живеат околу два милиони кучиња, односно кај половина од 4,5 милиони домаќинства може да се најде по некое милениче. Лошата економска состојба ѓо принудува луѓето да ги намалат непотребните давачки, поради што  кучињата ги врзуваат во шумите или ги исфрлаат на улица и бегаат. - Најмногу животни во специјализираните прифатилишта доаѓаат по празниците. Малите кученца растат, бараат поголема нега и растат и трошоците за нив, вели Вацлав Стеинбауер од еден прашки стационар. Само во Прага годишно без своите сопственици остануваат до 3.000 кучиња. Според социолозите, економската ситуација станува посложена и во некои семејства едноставно не остануваат пари за миленичињата. Храната во гранули месечно чини околу 17 евра, квалитетно ременче за водење околу вратот исто толку, вакцинирање против беснило еднаш годишно 35 евра, а средство за ослободување од болви и крлежи три пати годишно, околу 15 евра. Трошок е и шампонот за капење како и шишањето на долговлакнестите раси кучиња. Тие, покрај редовната годишна такса која е околу 63 евра се едни од основните трошоци не вклучувајќи тука луксузи на кои се навикнати миленичињата на богатите ѕвезди кои им ги лакираат ноктите и им купуваат скапи облеки. Сепак, психолозите предупредуваат дека тоа не важи за постарите луѓе кои живеат со минимални пензии и на кои животните често им се единствените пријатели, па тие повеќе штедат на себе отколку на милениците.
Слично

Поврзани вести