Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешки „ИЦС системи“ ги спасува општините од ценовниот енергетски шок

Чешки „ИЦС системи“ ги спасува општините од ценовниот енергетски шок

Модерно и енергетски ефикасно осветлување ќе спаси неколку општини од високи сметки за електрична енергија, во период кога цела Европа е соочена со енергетска криза. 


Чешкиот инвеститор „ИЦС системи“ со комплетна замена на јавното, дотраено осветлување, на општините им заштедува пари. Градовите каде е заменета целата инсталација, а сегашните светилки со нови енергетски ефикасни освен заштеди, добиваат поурбан и помодерен изглед. 


Со договорот со општините, компанијата „ИЦС системи“ е обврзана да ги промени уличните светилки низ општината, со високо квалитетни, модерни и енергетско ефикасни светилки. 

На овој начин се следат позитивните примери од ЕУ и регионот, каде енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа, како за граѓаните, така и за економијата.

Оваа чешка компанија зад себе има голем број проекти, вклучително и комплетна замена на LED светилките во Охрид, Куманово, Валандово, Штип, а од договор со оваа чешка компанија потпиша и општина Сопиште. 


Во Охрид, инсталирани се 8573, во Куманово 9540, во Валандово 1796, во Штип 4732, додека во општина Сопиште ќе бидат во функција 1493 улични светилки. 

Освен, со општините „ИЦС Системи“ ги модернизира и сите производни хали на Витаминка Прилеп со смарт управувани светилки. 

„ICS Systems е компанија со долгогодишно искуство во одделот за модернизација и осветлување. Освен во Македонија, чешката компанија има инсталирано улични светилки во руски Казан 30 000, Талин, Естонија 12.000, во Чешка, во Прага, Брно, Либерец, Јихлава, Рожнов, Крмелин, Хранице, Млада Болеслав, Мохелнице, Прибрам, Преров, во Словачка во Тренчин, Илава, Предмиер, Жилина, во Словенија во Марибор. 

ПР Објава

Слично

Поврзани вести