Чешки и македонски полицајци ќе патролираат кај Гевгелија
Чешки полицајци заедно со македонските ќе патролираат во околината на Гевгелија.
Овие патроли ќе се вршат близу границата со Грција, со цел контрола на мигрантите.
Чешка ќе помага во заштита на македонската граница со Грција речиси до крајот на оваа година, јави дописникот на МИА од Прага.
Во Извештајот на чешкото Министерство за внатрешни работи, кој идната недела ќе биде разгледуван од чешката Влада, стои дека в понеделник, контингентот од 40 полицајци кој се наоѓа во Македонија ќе биде заменет со ист број припадници на чешката специјална полиција. Тие ќе останат во Македонија до 31 октомври.
Тој контингент треба да биде сменет со друга група, која на македонско-грчката граница ќе патролира до 19 декември.
Покрај чешки, досега на јужната граница патролираа и словачки, хрватски, српски, унгарски полицајци во мешани патроли. И тогаш целта беше иста, поголема контрола на мигрантите.
