Чешка засега му вели „не“ на еврото
Во наредните четири години, чешката власт нема да го воведе еврото. Постојат резерви во однос на оваа валута.
Новата чешка влада нема да го воведе еврото, изјави денеска идниот министер за финансии, пренесува Ројтерс.
„Мораме да ги доведеме во ред јавните финансии, па дури и некој да го сака еврото, сега немаме шанси да го воведеме бидејќи не ги исполнуваме критериумите“, рече Збинек Станјура од Граѓанските демократи.
Како што соопшти Министерството, чешкиот буџетски дефицит годинава ќе биде 7,7 отсто од БДП, што е двојно повеќе од 3 отсто пропишани за влез во еврозоната.
Слично
