Чешка заинтересирана за соработка, но и задоволна што македонската полиција ќе вози „шкода“
„Соработката на Чешка со Република Македонија треба да се развива во енергетиката, сообраќајната инфраструктура и во зелените технологии. Чешките фирми имаат искуство и интерес за делување на македонскиот пазар и во областите за отстранување на штетите врз животната средина и ликвидација на оптоварувањата врз еколошката средина. Заинтересирани се и за изградба на пречистителни станици на отпадни води и вода за пиење, ликвидација на отпади и други технолошки еколошки компоненти“, стои во соопштението на официјалната веб страница Владата на Чешка по вчерашната посета на македонскиот премиер Никола Груевски во Прага.
Премиерот на Чешка Петр Нечас изразил задоволство од тоа што македонската Влада и полиција се одлучиле да набават автомобили од марката„шкода“, а потсетил и дека чешките компании работат на железницата која ги поврзува Бугарија, Македонија, Албанија како и на автопатот Македонија-Грција.
Во соопштението од се наведува дека чешките фирми се заинтересирани за соработка на геолошки истражувања и набавка на машини.
Слично
