Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешка ни нуди додатна помош за борба со бегалската криза

Чешка ни нуди додатна помош за борба со бегалската криза

За Чешка е посебно важно да се издвојат економските мигранти од останатите бегалци, изјавил денеска чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец во Гевгелија и понуди додатна помош за Македонија во борбата со бегалскиот бран.

Тој тоа го рекол при посетата на прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ и чешките полицајци кои им помагаат на колегите од Македонија на македонско-грчката граница во контрола на бегалскиот бран

Хованец му се заблагодари на министерот Оливер Спасовски за се што прави нашата земја во борба во бегалската криза и понудил додатна помош од Чешка и земјите од Вишеградската група како би се олеснила борбата против тој проблем.

„Сакам да им оддадам признание на македонските, чешките и другите полицајци кои се на јужната граница на Република Македонија и кои многу помагаат во овој период за справување со мигрантската криза. Ние сме должни да обезбедиме хуман третман на мигрантите и транзит меѓутоа исто така, треба да обезбедиме и стабилност и безбедност на граѓаните на Република Македонија“, рече министерот Спасовски.

Kaко што додаде Спасовски, пролемот мора да се решава во земјите од кои потекнуваат бегалците затоа што секое друго решение не е решение.

„Чест ни е што нашите полицајци можат да помогнат заедно со вашите полицајци во решавањето на овој проблем. Разбираме дека притисокот од мигрантите ќе продолжи и ќе се засилува и разбираме дека овој притисок ќе биде голем врз Република Македонија. Сакам да потенцирам дека сме свесни за ова и сме подготвени да го преземеме својот дел од одговорноста“, рече Хованец.

Слично

Поврзани вести