Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешка испраќа полицајци и кучиња на грчко-македонската граница

Чешка испраќа полицајци и кучиња на грчко-македонската граница

Чешка испраќа полицајци на грчко-македонската граница.

Се очекува 27 претставници на силите на редот, како и две кучиња, да бидат испратени во земјава , за да помагаат при обезбедувањето на македонско-грчката граница. Нивната мисија ќе биде до 19 март.

До сега Чешка испрати свои сили за безбедност, како помош за справување со бегалската криза во Унгарија и Словенија.

"Ако границите на Балканот бидат затворени за имигранти, тоа може да ги разгори старите конфликти на полусотровот, како и да предизвика нови крвопролевања таму." Ова го изјави вчера изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

"Балканот се единствениот дел кој сеуште не е интегриран, а спомените од војните таму се многу свежи. Ако Турција, заедно со Грција, не успее да ги стави под контрола миграционите притисоци, тогаш треба да се договориме со Бугарија, Македонија и Албанија, да им обезбедиме максимална поддршка и да ставиме ред на миграцијата уште на нивните граници ", рече Соботка.

Слично

Поврзани вести