Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешка испраќа електрични генератори и пумпи во Македонија

Чешка испраќа електрични генератори и пумпи во Македонија

За санирање на штетите од невремето и поплавите кои го погодија Скопје во саботата, помош ќе стигне и од Чешка.

Пожарникарите од оваа земја  ќе испратат електрични генератори и пумпи за чистење кал по поплавите.

Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска, соопшти портпаролката на Генералниот директорат на Противпожарната бригада на Чешка,  Никол Заоралова, јави дописникот на МИА од Прага.

„Чешка, која има богато искуство при решавање на поплавени подрачја, на Македонија и понуди осум генератори и 47 пумпи за чистење на тиња и земјата ја прифати понудата“ - кажа Заоралова.

Заоралова вели дека Македонија побарала хуманитарна помош со посредство на Европскиот систем за комуникација  при кризни ситуации.

Помошта ќе биде испратена со камион со приколка и едно командно возило, а се очекува во Македонија да пристигне задутре. Таа ќе биде преземена од локалните власти во Скопје во присуство на чешкиот амбасадор.

Слично

Поврзани вести