Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешка бара работници, ако не ги пронајде ќе биде во голема загуба

Чешка бара работници, ако не ги пронајде ќе биде во голема загуба

500.000 работници се потребни во Чешката република. 

Властите во Прага ќе преземат мерки, главно поврзани со олеснување на процесот за добивање дозвола за работа.

Според новата владина стратегија, чешките компании ќе можат да бараат квалификуван персонал од земји како што се Украина, Црна Гора, Србија, Молдавија и од земјите во Централна Азија, според веб-страницата „Emerging Europe“.

„Ние не треба да се потсетиме на штетата што ја носи економијата од недостаток на квалификувани работници“, објави локалната трговска комора.

Чешката економија изгуби 84 милијарди круни или 3,2 милијарди евра, поради недостигот на работници лани. Негативниот ефект се предвидува да се продлабочи на 4,2 милијарди евра во 2019 година.

Сегашната квота за украинските граѓани во моментот е 19.600 работници, а заклучно со септември би можела да биде 40.000 луѓе, до 2000 работници за Црна Гора и Србија, а до 1000 за Филипините, Молдавија и Монголија.

Невработеноста во Чешка падна на 2,6% во јуни, што е најниско ниво последните 22 години.

Слично

Поврзани вести