Чешка бара НАТО да ги чува границите од приливот на мигранти
Чешкиот вицепремиер побара од Европската Унија да го затвори шенгенскиот простор за да се одбрани од зголемениот прилив на мигранти. Тој порача во одбраната на границите да се ангажира и НАТО.
„Кога ќе ја погледнете мапата, шенгенскиот простор има посебен облик. Тука е осамена Грција, а следната граница е Унгарија. Прашање е дали на македонската или на бугарската армија би им била потребна помош на НАТО. Ако државите на периферијата на шенгенскиот простор не се во состојба да го одбранат, би требало да се договориме на повисоко ниво“, смета вицепремиерот и министер за финансии Андреј Бабиш.
Тој предлага на Блискиот исток и во Африка да се отворат и големи бегалски логори, во кои Европската Унија би вршела селекција и би одвојувала на кои навистина им е потребна помош од економските мигранти.
