ЧЕЛИЧНИОТ МАГНАТ ГЕЧЕВ, НО ШТО ДРУГО СЕ ЗНАЕ ЗА НЕГО? Фабриката во Кавадарци има капацитет од 200.000 тони годишно
Откако вчера
името на Илија Гечев се најде на 18-тото место на најбогати во регионов, листа
која ја објави српски „Недељник„ за тоа кои се милјардерите на Балканот, се
објавуваат детали македонскиот бизнисмен чие богатство е проценето на една
милијарда и 54 милиони евра.
За еден од најпознатите бизнисмени во Македонија, сопственик на ИГМ Трејд од Кавадарци јавноста малку особено поради фактот што многу ретко дава изјави во медиумите.
Во една анализа на Фактор од пред три години, за Илија Гечев се наведува дека тој е бизнисмен за кого граѓаните во Централна Македонија збруваат со почит во смисла на неговата успешност. Компанијата постои скоро 30 години, конкретно ИГМ трејд постои од 1994 година и е една од најголемите извозни компании во Македонија. Станува збор за еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е на површина од 400.000 квадратни метри, а има капацитет од 200.000 тони годишно. ИГМ трејд е извозно ориентирана компанија, на која 95 отсто од вкупната продажба и е надвор од државата, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.
На крајот на 2015 година, ИГМ-Трејд го прошири своето работење надвор од Македонија, откако ја купи поранешната фабрика АЛПОС за заварени челични цевки и профили лоцирана во Словенија.
