Чекреџи и Арсовска во трка за претседател на ССК
Нов претседател бира Сојузот на стопански комори.На 19 јуни на годишната седница на собранието членовите на Комората која ги застапува малите и средни компании, ќе имаат можност да бираат меѓу Мирче Чекреџи, член на управeн одбор на ССК и поранешен заменик претседател и Данела Арсовска, член на Управен Одбор на ССК и претседател на Услужната комора во ССК. Двајцата кандидати, како што соопштуваат од Комората, веќе ги потврдиле своите кандидатури.
Во ноемрви минатата година Златко Калеников беше реизбран за претседател на Сојузот на стопански комори. Тогаш свои кандидатури поднесоа и Венко Глигоров, член на УО на Комората но и Сеад Кочан, претседателот на Градежната комора при ССК.
Досегашни претседатели на ССК беа Венко Глигоров во два мандати (од 2004 до 2008 година), потоа во 2008-2009 година функцијата ја извршуваше Мирче Чекреџи, по што беше избран сегашниот претседател Златко Калеников.
Слично
