ЧЕКОР НАПРЕД: Прифатено барањето на БиХ за членство во ЕУ
Советот за општи работи на Европската унија го прифати барањето на Босна и Херцеговина за членство во Европската унија.
Испратен е налог до Европската комисија за подготовка на прашалник за БиХ.
Оваа одлука е донесена откако е оценето дека се исполнети сите услови од европската агенда неопходни за разгледување на апликацијата.
БиХ барањето за членство го предаде во февруари годинава.
Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, изјави дека давањето зелено светло на апликацијата на БиХ за членство во ЕУ е историски момент за европскиот пат и за европската индина на БиХ.
„На оваа фаза работевме изминатите 14 месеци. Таа денеска успешно е завршена, и ова е една од најпозитивните вести за БиХ и за сите нејзини граѓани, а особено за сите млади луѓе кои брзо ќе живеат во БиХ како во членка на ЕУ“ - вели Звиздиќ.
Во наредниот период БиХ ќе добие шест прашања од неколку илјади на кои ќе треба да даде одговор.
Медиумите во земјата пишуваат дека за нив ова е вест на годината.
Се пишува дека е ова историски момент и дека до крајот на 2017 година земјата би требало да добие статус кандидат.
