Чедомир Јовановиќ повторно во болница: Дали се последици или повторно има Ковид-19
Чедомир Јовановиќ, лидерот на српската партија ЛДП, еден од најпознатите политичари на Балканот вчера попладнето повторно бил примен во болница. Тој во јули беше позитивен на коронавирусот и имаше компликации по што остана во болница подолг период. Српските медиуми обезбедиле потврда дека Јовановиќ бил сместен попладнето во Клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“, поради болка во градите и стомакот.
Јовановиќ е сместен во одделот за хирургија, во свесна и стабилна состојба. Докторите изјавиле дека немало потреба да се „поврзува“ со кислородот.
Била направена една снимка, според која тој нема пневмонија, но резултатите за Ковид-19 се уште се чекаа.
Јовановиќ беше позитивен на коронавирус во јули 2020 година, а во тоа време имаше тешка пневмонија, поради што беше на Клиниката за инфективни болести.
Интервју на Јовановиќ за Фактор